5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на канадската економија за 6,8 проценти

Пад на канадската економија за 6,8 проценти

Независниот финансиски и економски аналитичар на канадскиот парламент Ив Журу проценува дека канадската економија би можела да се намали за 6,8 проценти оваа година.

Тоа би бил најлошиот резултат уште од 1981 година.

Најновиот извештај, објавен денес, вели дека годинешниот федерален дефицит поради пандемијата од COVID-19 би можел да достигне 256 милијарди канадски долари.

Објавениот резултат е комбинација од проценетата вкупна потрошувачка на федералната влада за итна помош од 169 милијарди долари и историскиот пад на економските перформанси.

PBO проценува дека економијата би можела да се намали за 6,8 проценти во 2020 година, што е најслаб резултат од 1981 година. Доколку се остварат овие проценки, економијата би го удвоила претходниот рекорден пад од 3,2 проценти од 1982 година.

Премиерот Џастин Трудо најави дека министерството за финансии на 8 јули ќе претстави фискален и економски извештај.

Вкупниот дефицит е поголем за 3,8 милијарди долари отколку претходните предвидувања на PBO.

Журу потенцира дека презентираните податоци се само резултат на едно од многуте можни сценарија, а не сигурна прогноза.

Извештајот доаѓа еден ден откако премиерот Трудо вети дека на 8 јули ќе достави преглед на федералните финансии во кои ќе обезбеди краткорочна проценка на трошењето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП