25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрамп ја повтори заканата за прекинување на врските со Кина

Трамп ја повтори заканата за прекинување на врските со Кина

Американскиот претседател, Доналд Трамп, се закани во четвртокот дека ќе ги прекине врските со Кина, осврнувајќи се на вчерашната изјава на трговскиот претставник Роберт Лајтизер.

Тензиите повторно се зголемија помеѓу САД и Кина, делумно поради коронавирусот бидејќи Трамп упорно говореше во последните месеци дека Пекинг не бил транспарентен во почетоците на ширењето на епидемијата.

Членовите на неговата администрација порано изјавија дека веруваат дека вирусот потекнува од кинеска лабораторија, а тој за Wall Street Journal во четвртокот изјави дека е можно Кина намерно да го шири вирусот за да ја дестабилизира светската економија.

Односите се влошија и оваа година и поради трговијата, кинескиот Huawei, и законот што Пекинг го наметнува во Хонг Конг.

Прекин на сите врски со Кина е една опција за САД, изјави Трамп.

„САД ја задржуваат, се разбира, политичката опција, под различни услови, да ги срушат мостовите со Кина“, напиша на Twitter.

Трамп минатиот месец сигнализираше натамошно влошување на односите, велејќи дека не е заинтересиран да разговара со претседателот Си Џинпинг и посочи дека би можел да ги прекине врските со Кина.

Лајтхајзер, на сослушувањето во средата во Конгресот, изјави дека прекинувањето е “комплицирано прашање”.

„Тоа беше опција пред неколку години, но не верувам дека во овој момент би било разумна политичка одлука“, изјави тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП