19 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИTwitter воведува гласовни твитови

Twitter воведува гласовни твитови

Twitter ја воведува можноста за аудио твитови кои корисниците ќе можат да ги користат на оваа социјална мрежа. Оваа опција ќе биде овозможена за одредени корисници на iOS платформата.

Од компанијата наведуваат дека 280 карактери понекогаш не се доволни и дека сакаат да ја тестираат оваа опција, која ќе даде „личен печат“ на користењето на Twitter, каде корисниците ќе можат да снимаат пораки со сопствениот глас.

Секој гласовен твит ќе трае до 140 секунди, а ако на корисниците им треба повеќе од тоа, можат да продолжат да снимаат, и нова говорна порака ќе се креира и ќе се поврзе со претходната, како низата која и сега постои како опција.

Аудио твитовите ќе се појават меѓу другите содржини, а корисниците ќе можат да ги слушнат со кликање на сликата, по што ќе се слушне аудио снимката.

Креирање на аудио пораки ќе биде достапно само за одредени корисници на iOS платформата во тест фазата, а во наредните недели опцијата ќе биде достапна за сите корисници на Twitter на iOS платформата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП