8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ му одобри нов кредит на Косово

ММФ му одобри нов кредит на Косово

mmf1

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) го заврши четвртиот преглед на економските перформанси на Косово како дел од стенд-бај аранжманот.

Со ова се овозможува повлекување на транша во висина од 4,25 милиони специјални права на влечење (СДР) или 4,9 милиони евра.

Косовските власти најавија дека нема да ја повлечат сумата која им е на располагање по четвртиот преглед, бидејќи имаат намера во 2013 година стенд-бај аранжманот со Фондот да го третираат како претпазливост.

ММФ во април минатата година му одобри на Косово стенд-бај аранжман на 20 месеци од 104,8 милиони евра, а вкупната наплата досега достигнала до 90 милиони евра.

„Косовската економија покажа еластичност во глобалната финансиска криза благодарение на „здравата“ политика во делот кој го поддржа ММФ и обилните дознаки и директни странски инвестиции од дијаспората“, истакна заменик директорката на Фондот Немет Шафик.

Таа рече дека во наредниот период Косово ќе треба да ја намали зависноста од таквиот прилив и да развие сектор на трговија кој ќе го поддржи растот.

Шафик ги истакна и важните чекори кои Косово ги превзема за да изгради конкурентна економија, како и фактот дека властите во последните две години ја обновиле оддржливата фискална политика.

Оценувајќи дека банкарскиот систем на Косово брзо растел во последните десет години, таа нагласи дека понатамошниот напредок на секторите ќе бара зајакнување на институциите.

ММФ оценува дека банкарскиот систем на Косово е стабилен, со адекватна резерва на капитал, умерено ниво на ненаплатливи кредити и добра ликвидност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП