20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБројот на смртни случаи од коронавирус во Шведска надмина 5.000

Бројот на смртни случаи од коронавирус во Шведска надмина 5.000

Бројот на смртни случаи од COVID-19 во Шведска надмина 5.000, што е далеку повеќе од нејзините соседни земји.

Официјалниот број на мртви сега е 5.041, додека во вторникот бил 4.939.

Шведска има поблаги мерки во борбата против коронавирусот и се потпира на одговорноста на своите граѓани во однос на физичкото дистанцирање и добрите хигиенски мерки.

Бројот на смртни случаи во Шведска е далеку поголем кога ќе се земе во предвид бројот на населението отколку во Данска, Норвешка и Финска, каде властите презедоа построг пристап.

Но, пониска е од Британија, Италија и Шпанија каде исто така се воведени карантини.

Според универзитетот Џон Хопкинс, Шведска има 53.323 заразени, Данска 12.450, Норвешка 8.660 а Финска 7117.

Данска има 598 умрени, Норвешка 242 а Финска 326.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП