18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШпанската економија се опоравува, бројот на вработени расте

Шпанската економија се опоравува, бројот на вработени расте

Шпанската економија започна да се опоравува од кризата која ја предизвика пандемијата од коронавирус, изјави министерката за економија Надија Калвино, посочувајќи на подобрените показатели за вработување по ублажувањето на мерките за блокада.

На работа се вратиле еден милион работници, испратени на одмор во борбата против сузбивање на пандемијата, а бројот на осигурениците во институтот за пензиско осигурување се зголемил за 300.000, изјави министерката.

„Фазата на закрепнување веќе започна“, утврди Калвино пред парламентот, додавајќи дека таа проценка е поддржана од повеќе показатели, а особено најновите податоци за отварање нови работни места.

Шпанската економија би требало оваа година да се намали за 11,6 проценти, најмногу откако официјалните податоци започнаа да се објавуваат, при што централната банка предвидува закрепнување во втората половина од годинава.

Во 2021 година, БДП би требало повторно да порасне, во опсег од 7,7 до 9,1 проценти, проценуваат во централната банка.

Најголем пад на активноста се очекува во вториот квартал, за дури 22 проценти, додека заздравувањето би требало да биде малку поизразено во однос на просекот на еврозоната.

Првите показатели, како што е индексот на набавки во секторот производство и услуги (PMI), сигнализираат делумно продолжување на дејноста во мај, по наглото опаѓање во април.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП