29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАООН: Пад на директните странски инвестиции во светот за 40 проценти, закрепнување...

ООН: Пад на директните странски инвестиции во светот за 40 проценти, закрепнување дури во 2022 година

Странските директни инвестиции ќе бидат намалени во 2020 година за дури 40 проценти на глобално ниво, како резултат на пандемијата од коронавирус, а најголем удар ќе претрпат земјите во развој, проценуваат Обединетите нации во најновиот извештај.

Странските директни инвестиции ќе паднат од минатогодишните 1.540 милијарди долари под нивото од 1.000 милијарди долари, прв пат од 2005 година, проценува Конференцијата на ООН за економија и развој (UNCTAD).

Во 2021 година, ќе се намали за дополнителни пет до 10 проценти, а обновувањето се очекува дури во 2022 година, предвидуваат, меѓу другото, од UNCTAD во извештајот објавен во вторникот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП