20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБускетс останува на Ноу Камп до 2018-та

Бускетс останува на Ноу Камп до 2018-та

buskets

Фудбалерот на Барселона, Серхио Бускетс потпиша нов договор со клубот, кој ќе го задржи на „Ноу Камп“ до 2018-та година, објавија „каталонците“ на својот официјален сајт.

25-годишниот Бускетс се претвори во најдобрите халфови во светот во последните години и поради тоа беше награден од Барселона со нов договор со подобрени услови. Шампионите на Шпанија се осигуруваат и од можноста да го изгубат Бускетс, па така клаузулата за неговото купување сега изнесува 150 милиони евра.

Синот на поранешниот голман на Барса, Карлес Бускетс е еден од постојаните и важни играчи во шемата на „каталонците“ и е суштински дел од националниот тим на Шпанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП