1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСЗО ги поздрави добрите резултати од испитувањето на стероидот за лечење на...

СЗО ги поздрави добрите резултати од испитувањето на стероидот за лечење на забоелни од ковид-19

Светската здравствена организација ги објави како добри вести почетните резултати од клиничките испитувања, кои покажаа дека евтиниот и често користен стероид – дексаметазон може да спаси животи на критично болни пациенти заразени со Ковид-19.

„ Ова е прва теорија која покажува намалена смртност кај пациенти кои имаат ковид-19 и на кои им е потрбна кислородна поддршка и респиратор“, рекол директорот на СЗО, Тедрос Адан Гебрејесус.

„Ова се прекрасни вести и и` честитам на владата на Велика Британија, на Универзитетот Оксфорд и на многу британски болници и пациенти кои придонесоа за ова научно откритие кое спасува животи“ додаде тој.

Научниците ги споделија со СЗО првичните увиди од резултатите од истражувањето, поради што многу се радуваме на целосните податоци во наредните денови, истакна директорот на СЗО.

Тестирањето спроведено на 2104 заболени, покажало дека мали дози на овој лек можат да ја намалат смртноста за една третина кај пациенти на респиратори и кај една петина од оние кои се на терапија со кислород, заклучија истражувачите кои тврдат дека ова е голем чекор кој би можел да спаси голем број животи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП