28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМалите доминираат: Овие се најконкурентните економии

Малите доминираат: Овие се најконкурентните економии

Објавен е годишната ранг-листа за 2020 година на најконкурентните економии во светот, која веќе 32 години ја подготвува Светскиот центар за конкурентност (IMD), а во кој се опфатени 63 земји.

Сингапур е втора година по ред број еден.

Од второто до петтоте место се рангирани Данска, Швајцарија, Холандија и Хонг Конг.

Годинашните резултати се збир на податоци собрани во 2019 година и истражувања од почетокот на 2020 година. Извештајот ја покажа економската сила на малите земји кои се најдобро рангирани.

Артуро Брис, директор на IMD и професор по финансии, вели:

„Предноста на малите држави во тековната криза доаѓа од нивната способност да се борат со пандемијата и нивната економска конкурентност. Делумно, можат да се хранат со фактот дека е лесно да се најде социјален консензус“.

Успехот на Сингапур е воден од сјајните економски резултати кои произлегуваат од силната меѓународна трговија и инвестициите, како и мерките за вработување и пазарот на трудот. Стабилните перформанси во образовниот систем и технолошката инфраструктура – вклучувајќи ги телекомуникациите, брзината на интернет и извозот на висока технологија – исто така играат клучна улога.

Инаку, меѓу првите десет се уште Шведска, Норвешка, Канада, Обединетите Арапски Емирати и САД.

Од земјите од нашиот регион на листата се најдоа Словенија (35) и Хрватска (60).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП