20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСилен раст на индексите на азиските берзи

Силен раст на индексите на азиските берзи

На азиските берзи денес нагло се зголемија цените на акциите, со што беа неутрализирани загубите од претходниот ден, бидејќи инвеститорите беа охрабрени од растот на Wall Street, по пораките на американската FED за понатамошна помош на економијата.

MSCI индексот на азископацифичките акции, без јапонските, утрово беа во плус 2,7 проценти, по вчерашниот остар пад.

На берзата во Токио индексот Nikkei скокна за 4,0 проценти, додека цените на акциите во Шангај, Хонг Конг, Сингапур, Австралија и Јужна Кореја пораснаа помеѓу 0,9 и 4,1 проценти.

Тие индекси вчера паднаа нагло, откако се спуштија надежите на инвеститорите за брзо закрепнување на светската економија од кризата со корона и додека инвеститорите се загрижени за вестите за ново жариште на коронавирусот на пазарот во Пекинг, поради што ги поттикна властите на главниот град на Кина да ги затворат околните станбени населби.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП