25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропската централна банка ја отфрла можноста за отпишување на долгови

Европската централна банка ја отфрла можноста за отпишување на долгови

Европската централна банка ја отфрли можноста за отпишување на долговите на државите, што е идеја која некои економисти ја предлагаат за цел соочување со последиците од пандемијата од коронавирус.

„Слушам дебата во Франција за отпишување на долговите на централната банка, но тоа не е опција за ЕЦБ“, изјави членот на извршниот одбор на ЕЦБ, Фабио Панета.

Покрај законските ограничувања со кои се забрануваат ваквите практики, „граѓаните би ризикувале да ја загубат довербата во валутата“ и ќе дојде до “финансиски нарушувања”, објаснува Панета.

Панета не сака да го повтори искуството на Германија од дваесетите години на минатиот век, периодот на хиперинфлација кога граѓаните „транспортираа пари во колички затоа што ја изгубиле вредноста“.

„Тоа не е начин за создавање просперитет“, и затоа „договорите забрануваат монетарно финансирање“, додаде тој.

Во време кога земјите од еврозоната треба да позајмуваат масовно поради рецесијата предизвикана од пандемијата од коронавирус, ЕЦБ ја зголеми за 600 милијарди евра програмата за итна помош за набавка на државни и приватни обврзници, првично субвенционирана со 750 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП