18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија ги зголемува овогодинешниве задолжувања на 218 милијарди евра

Германија ги зголемува овогодинешниве задолжувања на 218 милијарди евра

Новото задолжување на Германија ќе се искачи на 218 милијарди евра оваа година, изјави главниот експерт за буџет во владата на канцеларката Ангела Меркел, Екхарт Рехберг, за Bild.

„Бидејќи дополнителниот буџет ќе биде донесен наскоро, оваа година ќе има околу 218 милијарди евра повеќе долг, од кои, според Уставот, ќе мора да отплатиме 162 милијарди почнувајќи од 2023 година“, изјави Екхарт Рехберг, пренесува Reuters.

Министерот за финансии, Олаф Шолц, се очекува во среда да претстави втор дополнителен буџет за три месеци, додавајќи уште 62 милијарди евра долг на 156 милијарди евра во ново задолжување кое е веќе договорено во март.

Пакет помош од 130 милијарди евра

Најавата доаѓа во време кога Берлин работи на рекорден пакет-стимуланси за борба против ефектите од пандемијата од коронавирус. Германија планира да го искористи ова задолжување за финансирање стимулации во вредност од повеќе од 130 милијарди евра за да и помогне на својата економија и пошироката еврозона побрзо да се опорави од пандемијата од коронавирусот.

Министерството за финансии подготвува план за порамнување на долгот за период од 20 години.

Планирањето на зголемувањето на долгот ја нагласува огромната фискална промена на Германија од поранешниот европски шампион за штедење до еден од најголемите потрошувачи во напорите на еврозоната за спречување на негативното економско влијание од пандемијата од коронавирус.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП