27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕК се откажа од создавањето на единствената онлајн медиумска платформа за следењето...

ЕК се откажа од создавањето на единствената онлајн медиумска платформа за следењето на работата на ЕУ

ek1

Европската комисија вчера соопшти дека се откажала од планот да инвестира 3,2 милиони евра во основањето на онлајн медиумска платформа за следењето на работата на Европската унија.

Во соопштението на ЕK се наведува дека „од проектот за развој, примена и управување со онлајн медиумите, кои би ја следеле работата на Унијата, се откажала од потребата за намалување на трошоците во време кога овој блок е изложен на голем притисок да ја намали потрошувачката“, пренесува агенцијата АФП.

Потпретседателката на Европската комисија Вивиен Рединг изјави дека „буџетските ограничувања“ на потрошувачката на 28-члената ЕУ во наредните 10 години значат дека тендерот е „несоодветен за сегашната состојба“, пренесува Франс Прес.

Во соопштението на Комисијата се наведува дека медиумското следење на работата на ЕУ е „ретко, неправилно, нередовно и му недостасува поширока европска перспектива, а граѓаните немаат една специјализирана платформа каде би можеле да пронајдат и да споделат квалитетни информации за работата на ЕУ“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП