9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнвеститорите помалку и веруваат на Германија

Инвеститорите помалку и веруваат на Германија

inves1

Довербата на инвеститорите во Германија неочекувано се намали, како резултат на слабите резултати на индустрискиот сектор, но и понатака е на позитивна територија.

Внимателно следениот индекс на довербата на инвеститорите се намали за 2,2 поени на 36,3 поени во јули, разочарувајќи ги аналитичарите, кои предвидуваа дека индексот овој месец ќе се зголеми на 40 поени, покажа истражувањето на економскиот институт „ZEW“.

„Еспертите од финансиските пазари ја задржаа претходната позитивна прогноза, што ја отсликува нивната доверба во силата на германската економија, и покрај релативно слабите податоци за индустриското производствo и надворешната трговија“, изјави претседателот на „ZEW“ Клеменс Фуст.

„ZEW“ индексот за довербата на инвеститорите се формира на основа на одговорот на аналитичарите и инвеститорите во врска со нивната проценка на моменталната економска ситуација во Германија како и очекувањата во наредните месеци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП