19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција им дозволи влез на српските туристи

Грција им дозволи влез на српските туристи

Грчката влада доцна синоќа донесе одлука да им дозволи влез на српските туристи кои вчера цел ден беа заглавени на граничниот премин Кулата – Промахонас, меѓу Бугарија и Грција.

„После целодневни разговори со официјални лица од Грција, ме известија вечерва дека ќе почнат да ги пуштаат нашите граѓани преку бугарско-грчката граница“, изјави доцна синоќа министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, за РТС.

Многу српски туристи го поминаа вчерашниот ден на границата меѓу Бугарија и Грција.

Конвој од пет автобуси со српски туристи требаше вчера да замине за Евија, Парга и Халкидики. На границата се формира и колона од автомобили долга 20 километри. Околу пладне беше објавено дека границата, се чини, нема да биде отворена.

„Грција мора да ги следи препораките на ЕУ за отворање на границите со трети земји. Ова важи и за патниците од Србија. Овие туристи ќе можат да влезат во земјите на ЕУ од 1 јули“. Ова е изјава што српските туристички агенции ја примија вчера доцна попладне.

„Дефинитивно, до 1 јули српските туристи нема да можат да влезат на територијата на Грција, сите сме изненадени и бараме трпеливост“, рече вчера попладне Александар Сеничиќ, директор на Националната асоцијација ЈУТА.

Српските туристички агенции добија нови ценовници од грчките хотелиери минатата недела, а сместувањето во просек е од 20 до 40 проценти поевтино.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП