29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗаменета фотографијата од убавините на Германија со која Владата промовираше домашен туризам

Заменета фотографијата од убавините на Германија со која Владата промовираше домашен туризам

Со нова фотографија е заменета онаа на германскиот фотограф Симон Мигај, која се појави на платформата „Дома си е дома“.

Фотографијата со која Македонија ја промовираше мерката за домашен турузам е од езерото Кенигсе, кое се наоѓа во Германија. Сега на нејзино место стои фотографија од Охридското езеро.

По низата реакции на социјалните мрежи, од Министерството за економија велат дека ја промениле фотографијата, но и нагласуваат дека фотографијата за која се зборува ја презеле со сите авторски права.

„Како Министерство за економија низ целата промоција на мерката, преку оваа платформа, акцентот го ставаме на промовирање на туристичките потенцијали на Република Северна Македонија. Платформата ќе биде доградена со нови податоци за капацитети и места каде што нашите граѓани ќе можат да ги користат ваучерите за поттикнување на домашниот туризам, каде што дополнително сите граѓани коишто ќе одлучат да летуваат во нашата земја ќе можат да ги видат убавините на државата“, додаваат од Министерството.

Претходно се огласи и фотографот Симон Мигај, кој на својот инстаграм-профил потегот на македонската Влада го оцени како смешна неделна приказна.

„Смешна неделна приказна. Ја споделувам оваа слика бесплатно на веб и понекогаш таа завршува на чудни места. Во моментов е актуелна на социјалните медиуми бидејќи Владата на Македонија одлучила да ја користи за промоција на нивниот туризам и Македонците се обидуваат да откријат кое е тоа место. Ова е Конигсе во Германија“, напиша Симон Мигај.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП