29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманските уплати во буџетот на ЕУ ќе бидат поголеми за 42 проценти?

Германските уплати во буџетот на ЕУ ќе бидат поголеми за 42 проценти?

Германија треба да размисли за зголемување на својот придонес во буџетот на Европската унија за 42 проценти, или 13 милијарди евра, како што предлага Брисел за следните години, пишува денес весникот Velt, повикувајќи се на владините пресметки.

Velt, наведува дека според најновите предлози од Брисел, земјите-членки во наредните седум години треба да платат во буџетот на ЕУ околу 1,075 проценти од својот бруто-домашен производ, врз основа на остварениот БДП во 2018 година, кој дава вкупен обем на буџетот од 1,1 трилиони евра, пренесува Reuters.

Водачите на ЕУ, во петок, би требало да одржат онлајн состанок на кој ќе разговараат за буџетот на блокот 2021/27, наречен Повеќегодишна финансиска рамка, како и за планираниот фонд за економско закрепнување од кризата со коронавирус.

Портпаролот на германската влада не сакал да ги коментира наводите на Velt, кога бил контактиран од британската агенција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП