19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПродавниците во Англија се отвораат денес после 83 дена

Продавниците во Англија се отвораат денес после 83 дена

Продавниците во Англија кои не се од суштинско значење се отвораат денес по 83 дена.

Тие продавници се затворија на 23 март, кога премиерот Борис Џонсон воведе мерки за сузбивање на коронавирусот.

Пазарите на отворено и салоните за автомобили се отворија на 1 јуни, а денес повторно ќе започнат со работа малопродажните објекти, пренесува Reuters.

Новите правила се применуваат само за Англија, додека Шкотска и Велс чекаат упатства од локалните администрации.

Во Северна Ирска малопродажните места се отворија во петокот.

Во продавниците ќе биде задолжително социјално дистанцирање, а ќе се примени и зајакнување на хигиенските мерки. Дозволениот број на потрошувачи во овие објекти ќе биде намален, а тестирањето на производи ќе биде ограничено.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП