27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакрон: Европа ќе биде помалку зависна од САД и Кина

Макрон: Европа ќе биде помалку зависна од САД и Кина

Францускиот претседател, Емануел Макрон изјави во недела вечерта изјави дека ќе работи на изградба на Европа која ќе биде помалку зависна од Кина и САД.

Кризата предизвикана од пандемијата од коронавирус откри колку Франција и остатокот од Европа зависат од ланецот на снабдување со Кина и другите земји, од мобилни телефони до автомобили, пишува Reuters.

„Оваа мачење откри недостатоци и слабости: нашата зависност од другите континенти да дојдеме до некоја стока“, изјави Макрон во телевизиското обраќање до нацијата.

„Сакам да извелечеме некоја порака од она што го научивме“, додаде францускиот претседател.

Според него, единствениот одговор е да се изгради нов, посилен економски модел, повеќе работа и производство, така што “не би се потпирале на други”.

Макрон, исто така, се осврна на расните протести кои го тресат светот, велејќи дека бојата на кожата премногу често ја намалува можноста за напредок во Франција и вети дека ќе се бори против дискриминацијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП