22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАМорисон: На Австралија ќе и бидат потребни две години да се опорави...

Морисон: На Австралија ќе и бидат потребни две години да се опорави од коронакризата

Австралиската влада во понеделникот претстави серија инфраструктурни проекти со кои планира да ја започне економијата, откако застана за време на кризата предизвикана од пандемијата од коронавирус.

Австралиската економија треба да закрепне многу побрзо од другите поради успешното сузбивање на вирусот.

OECD предвидува дека Австралија ќе има еден од најмалите падови на БДП меѓу развиените земји до крајот на 2020 година, додека официјалните предвидувања за стапката на невработеност се ревидирани и намалени од 10 на 8 проценти.

И покрај се наведеното, премиерот Скот Морисон изјави дека на Австралијците ќе им бидат потребни две години за да ја вратат економијата таму каде што беше пред пандемијата од коронавирус.

„Тоа е планина на која треба да се искачиме“, кратко изјави Морисон, додавајќи дека во иднина тие ќе бидат многу внимателни со потрошувачката.

Австралија сè уште пријавува релативно голем број на новозаразени секој ден, но повеќето ограничувања се укинати. Освен границите, кои треба да се отворат во јули. Властите соопштија дека вирусот е искоренет од голем дел од земјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП