26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмериканците прават се за да го блокираат Huawei во Бразил

Американците прават се за да го блокираат Huawei во Бразил

Соединетите држави разговараат со Бразил и локалните телекомуникациски компании за финансирање на набавка на опрема од петтата генерација која ја произведуваат Ericsson и Nokia, изјави американскиот амбасадор во Бразил, Тод Чепмен, за бразилскиот весник Folha de S.Paulo.

Во интервјуто објавено во четвртокот вечерта, Чепмен изјавил дека овој вид финансирање е прашање на “националната безбедност” на Вашингтон и има за цел да ги “заштити податоците и интелектуалната сопственост, како и чувствителните податоци на луѓето”.

Неговите забелешки се удар за најголемиот светски производител на телекомуникациска опрема, кинеската компанија Huawei Technologies Co. Ltd, која ја зацврсти својата позиција во Бразил во последните дваесет години.

Кинеската компанија успешно спровела 5G тестови со сите четири големи оператори – Telefonica Brasil SA, TIM Participacoes SA, America Movil’s Claro и Oi SA – и им помага да ја модернизираат нивната инфраструктура пред долгоочекуваната аукција за 5G мрежа.

Reuters објави дека Huawei ќе инвестира 800 милиони долари за изградба на уште една фабрика во бразилската држава Сао Паоло до 2022 година, а со тоа ќе ја зголеми својата латиноамериканска трага и покрај американските приговори.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги повика владите ширум светот, вклучително и Бразил, да го избегнуваат Huawei поради загриженост за сигурноста, но малку држави досега попуштија под американскиот притисок.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП