29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРодителите на деца до 10 години и хронично болните и по вонредната...

Родителите на деца до 10 години и хронично болните и по вонредната ќе бидат ослободени од работа

По престанувањето на вонредната состојба, остануваат во сила мерките со кои се ослободуваат од работните обврски родителите кои што имаат деца до 10-годишна возраст или активно четврто одделение, одлучи Владата на седница.

Ослободени ќе бидат и хронично болните лица и бремените жени, самохраните родители, родителите на деца со попреченост кои што ја користат услугата дневен центар, како и лицата кои што на работа одат со придружба-потполно слепи лица, лица кои се движат со инвалидска количка и лица со умерена и тешка интелектуална попреченост, со можност, доколку е тоа остварливо да ги извршуваат работните задачи од дома, како и сите мерки и протоколи опфатени во Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на Коронавирусот КОВИД-19.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП