25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААфрика годишно губи 79 милијарди долари поради високата невработеност кај младите

Африка годишно губи 79 милијарди долари поради високата невработеност кај младите

Според Економската комисија на Обединетите нации за Африка (UNECA), околу 34 проценти од населението на африканскиот континент е на возраст од 15 до 34 години.

Стапката на невработеност кај младите е многу висока во повеќето африкански земји, што го чини континентот околу 79 милијарди долари годишно, пренесува агенцијата Anadolu (АА).

Невработеноста дополнително се зголеми уште повеќе во многу африкански земји како резултат на воведување рестриктивни мерки за спречување на ширењето на глобалната пандемија од коронавирус.

Според UNECA, на континентот му е потребна финансиска поддршка во износ од 100 милијарди долари за да им помогне на земјите да создадат нови работни места за младите луѓе.

Африка моментално има најголем процент на млади луѓе во светот, но истовремено е и континентот со најголема стапка на невработеност кај младите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП