27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМарусија се договори со Ферари

Марусија се договори со Ферари

marusija

Екипата на Марусија од Формула 1 потпиша договор за долгорочна техничка соработка со Ферари и ќе ги користи нивните нови погонски системи од следната сезона.

Сегашниот снабдувач на мотори за тимот – Косворт ќе се повлече од спортот поради доаѓањето на новите 1.6-литарски V6 турбодвигатели кои ќе се потпираат и на многу помоќен хибриден систем.

Врската помеѓу Марусија и Ферари беше остварена уште со донесувањето на резервниот возач на Скудерија, Жил Бјанки.

Од тимот ја опишуваат зделката како потврда за долгорочните амбиции во спортот, иако се со најмалиот буџет од сите екипи и се уште немаат освоен поен по своето деби во 2010-та година.

„Позитивно гледаме на работата со Ферари и ја очекуваме највозбудливата нова ера од трките во Формула 1″, објасни извршниот директор на Марусија, Енди Веб.

Мерцедес и Рено се другите два добавувачот на мотори. Се очекува тие да испорачаат производи на четири тимови, додека за Ферари ќе останат последните три. Во 2015-та година Мекларен ќе ги заменат германците со повратниците во Формула 1, Хонда.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП