28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкономијата на Велика Британија ослабе за над 20 проценти во април

Економијата на Велика Британија ослабе за над 20 проценти во април

Британската економија ослабе за рекордни 20,4 проценти во април во однос на март, кога земјата помина цел месец во блокада поради епидемијата од коронавирус, покажуваат денес објавените официјални податоци, пренесува Reuters.

За време на три месеци до април, бруто домашниот производ ослабна за 10,4 проценти во однос на претходниот квартал, објави Националното биро за статистика.

„Во согласност со многу други економии ширум светот, коронавирусот имаше сериозно влијание врз нашата економија“, изјави министерот за финансии, Риши Сунак.

Мерките на владата, кои вклучуваат програма за исплаќање на пари на работници кои се привремено отпуштени, покрај давањето грантови, заеми и даночни олеснувања на компаниите, значи дека Британија „има најдобри шанси за брзо закрепнување додека економијата повторно се отвори“, изјави Сунак.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП