24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрците во иднина ќе можат да купат антибиотик само со рецепт

Грците во иднина ќе можат да купат антибиотик само со рецепт

Од 11 јуни антибиотиците ќе бидат достапни на пациентите во Грција исклучиво на рецепт, пишува Екатимерини.

Отсега, рецептот ќе биде електронски и ќе ја содржи специфичната болест за која е потребно да се даде лекот, како и дозата.

Во исклучителни случаи кога не е можно да се издаде електронски рецепт, пишаниот рецепт мора да ги содржи сите детали како електронскиот рецепт и да ја именува болеста.

Панхеленското лекарско здружение го опиша законот како „победа“ за медицинскиот свет, на кој му беа потребни околу 50 години да го спроведат.

Здружението соопшти дека законот со кој се бара рецепт на лекар за продажба на лекови, постои од 1973 година, но често се игнорира.

Грција е на првото место во Европа по употреба на антибиотици во примарната здравствена заштита, а Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC) соопшти дека Грците консумираат двојно повеќе антибиотици од просекот на ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП