12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмериканска нафта пристигна во Белорусија

Американска нафта пристигна во Белорусија

Рафинеријата за нафта во Новополотск во Белорусија почна да добива американска нафта, објави денес компанијата Belkeftekim.

Првата транша со нафта од САД пристигна во пристаништето Клаипеда во Литванија и од таму се доставуваше со железница до Новополотск.

Александар Тишченко, портпарол на Beleftekim, изјави дека пристигнал воз со 60 цистерни, од кои 17 содржат американска нафта, а остатокот е од Саудиска Арабија.

„За 10 дена, целата нафта ќе пристигне во рафинеријата“, додаде тој.

Литвански железници соопштиле дека целата американска нафта ќе биде доставена во Белорусија за 10 дена, односно 120 тенкови на ден или во просек по 7.000 тони нафта.

Танкер со 77.000 тони американска нафта пристигна на 5 јуни од Тексас во пристаништето Клаипеда. Тоа е 12-ти танкер кој пристигнува за Белорусија оваа година.

Вкупниот обем на испорака на танкери веќе надмина еден милион тони нафта.

Агенцијата TASS потсетува дека од 1 јануари 2020 година Белорусија нема договор со руските компании за снабдување со нафта преку нафтоводот „Дружба“, поради спор околу цената.

Минск започна со купување нафта од алтернативни добавувачи преку Литванија и Украина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП