ПочетнаКОМПАНИИПрогласени победниците на детскиот ликовен конкурс на Ладна

Прогласени победниците на детскиот ликовен конкурс на Ладна

Ладна го затвори овогодинешното издание на детскиот ликовен конкурс со објавување на имињата на победничките цртежи. Стручната жири комисија ги одбра најинтересните и најкреативните цртежи на тема „Мојата омилена игра надвор“, а Ладна и оваа година обезбеди вредни награди за малите уметници.

Како и секоја година, натпреварувањето беше поделено во две категории: деца на возраст од 4 до 7 години и деца на возраст од 7 до 10 години. Бројот и разновидноста на пристигнатите цртежи беа само потврда дека детската фантазија навистина нема граници.

Како победнички цртежи од двете категории беа одбрани цртежите на:

  • Категорија од 4 – 7 години
  1. Јана Смилевска, 6 години, Скопје (прво место)
  2. Александра Шуканова, 6 години, Охрид (второ место)
  3. Јоан Дојчиноски, 5 години, Струга (трето место)
  • Категорија од 7 – 10 години
  1. Лина Талеска, 9 години, Скопје (прво место)
  2. Александар Тодоровски, 8 години, Крива Паланка (второ место)
  3. Јана Кираковска, 9 години, Скопје (трето место).

Поради непредвидените околности, наградите во двете категории ќе бидат адаптирани и доделени во поинаква форма:

Прво место – Паричен надомест во еквивалентен износ на предвиденото тридневно патување во Дизниленд, Париз на детето со родителите/старателите

Второ место – Паричен надомест во еквивалентен износ за предвидениот годишен курс за цртање

Трето место – Таблет за цртање

Ладна им се заблагодарува на сите деца кои ги испратија своите цртежи за ликовниот конкурс и ги охрабрува и во иднина да продолжат да ја негуваат својата фантазија. Пријавените и наградените цртежи можете да ги погледнете на следниот линк: http://ladna.com.mk/sites/static/mali-umetnici/.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП