6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКороната и понатаму продолжува да гаси работни места во Британија: Уште две...

Короната и понатаму продолжува да гаси работни места во Британија: Уште две големи компании отпуштаат

Пандемијата продолжува да зема данок од британската економија, јавува BBC, во кој се наведува дека уште два големи работодавци најавиле значително намалување на бројот на работни места.

Околу 1.800 работни места се загрозени во ланецот Macdonald Hotels, кој има 31 имоти ширум Велика Британија, јавува британскиот јавен сервис.

Оваа компанија, која вработува околу 2.300 луѓе, соопшти дека се надева дека ќе го избегне „многу непожелниот чекор“, но дека „едноставно нема друг избор“.

Потпретседателот на таа компанија, Гордон Фрејзер, изјави дека не постојат „реални перспективи“ за бизнисот да се врати во нормала во блиска иднина, иако туристичката индустрија продолжува да лобира за поголемо ублажување на вонредните мерки.

Покрај тоа, канадската компанија Bombardy Aerospace објави дека ќе згасне 600 работни места во Северна Ирска, како дел од отпуштањето на 2.500 работници во своите компании ширум светот.

Bombardy како причина ги наведе „околностите без преседан“, додавајќи дека тој „длабоко жали поради влијанието на овие околности врз нашата работна сила и нивните семејства“.

Ова е втора голема рунда на искажување технолошки вишок во авијацискиот сектор во Северна Ирска во последните неколку дена.

Минатата недела Thompson Aero Siting во Портадаун објави дека затвора 500 работни места бидејќи секторот се соочува со борба да ги преживее последиците од кризата со корона, додава BBC.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП