6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајголем долг во историјата: Секој американец должи по 70.000 долари

Најголем долг во историјата: Секој американец должи по 70.000 долари

Американскиот национален долг е најголем во историјата – го надмина износот од 26.000 милијарди, односно 26 трилиони долари. Кога ќе се пресмета јавниот долг во однос на бројот на жители, се доаѓа до фактот дека секој Американец должи околу 70.000 долари.

Долгот на Соединетите Американски Држави во вторникот на 9 јуни изнесуваше 26.003.751.512.345 долари, според податоците на американското министерство за финансии.

Зголемувањето на долгот е последица на кризата предизвикана од пандемија од коронавирусот.

Американската администрација од март одобри околу пет трилиони долари за фондот за ублажување на економските последици од пандемијата.

Не е само долгот проблемот за американската економија, туку тоа е и буџетски дефицит. Во текот на првите осум месеци од фискалната година (која трае од 1 октомври до 30 септември), буџетскиот дефицит достигнал 1.88 трилиони американски долари, односно 1.880 милијарди долари, повеќе од кој било годишен буџетски дефицит во историјата на САД.

За споредба, дефицитот за целата фискална година 2019 година (1 октомври 2018 година – 30 септември 2019 година) изнесувал 738,6 милијарди долари, додека сега за осум месеци е двапати поголем.

Американскиот долг расте веќе со години, но врвот на растот следеше поради пандемијата од коронавирусот.

Според фондацијата Питер Петерсон, Соединетите Американски Држави трошат милијарди долари на ден само на камата на националниот долг.

Кога се дели со бројот на населението, моментално националниот долг на САД е околу 70,000 американски долари по човек, или околу 179.000 долари по домаќинство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП