25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија разгледува уште еден пакет стимулативни мерки вреден 50 милијарди евра

Германија разгледува уште еден пакет стимулативни мерки вреден 50 милијарди евра

Германскиот министер за финансии, Олаф Шолц размислува за задолжување за дополнителни 50 милијарди евра за финансирање на државните стимулации.

Планот за ново задолжување сведочи за огромниот фискален пресврт на Германија, кој од поранешен европски шампион во заштеди, станува еден од најголемите потрошувачи во напорите на еврозоната за сузбивање на негативните економски ефекти од пандемијата од коронавирусот.

Кабинетот на канцеларката Ангела Меркел планира да донесе втор дополнителен буџет на 17 јуни за финансирање на мерки за поддршка на најголемата економија во Европа, изјави германски службеник, кој останал анонимен, пренесува Reuters.

Друг официјален претставник запознаен со буџетските планови, исто така, изјави дека владата има намера да го донесе предлогот за дополнителен буџет следната среда, додавајќи дека Министерството за финансии размислува да го зголеми прашањето за долг во однос на првично планираните 25-30 милијарди евра.

И двајцата извори изјавија дека Министерството за финансии сака да ги зголеми финансиските резерви за да може подобро да реагира на непредвидени настани во втората половина од годинава.

Дополнителното задолжување до 50 милијарди евра би дошло до врвот на дополнителниот буџет во вредност од 156 милијарди евра договорен во март, кој ќе се финансира со задолжување на владата во Берлин.

Тоа значи дека вкупната нова нето задолженост на владата оваа година би можела да надмине 200 милијарди евра, што е околу 6,0 проценти од германскиот БДП, забележува британската агенција.

Владата проценува дека германскиот однос на долгот кон БДП оваа година ќе скокне на повеќе од 75 проценти од нивоа нешто помалку од 60 проценти во 2019 година, што не се случило уште од времето на светската финансиска криза пред повеќе од една деценија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП