26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПотврдени 175 нови случаи со Ковид-19, починати пет, оздравени 18 пациенти

Потврдени 175 нови случаи со Ковид-19, починати пет, оздравени 18 пациенти

Во последните 24 часа се направени 971 тестирања, а регистрирани се 175 нови случаи со Ковид-19 и тоа во: Скопје-131, Куманово-24, Штип-2, Прилеп-2, Тетово-5, Струга-2, Велес-4, Охрид-1, Гостивар-2, Свети Николе-2. Институтот за јавно здравје денеска регистрира 18 оздравени пациенти, во: Скопје-12, Штип-1, Тетово-3, Велес-2. Починаа пет пациенти од кои тројца од Скопје, еден пациент од Гостивар и еден од Прилеп, соопшти Министерството за здравство.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби при прием во амбуланта почина пациент од Прилеп (72 г.). Во ГОБ „8 Септември“ починаа тројца пациенти од Скопје – пациентка (60 г.) примена на 5 јуни, пациент (64 г.) примен на 8 јуни и пациент (59 г.) примен на 8 јуни и еден пациент од Гостивар (72 г.) примен на 30 мај.

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3.538, бројката на оздравени пациенти е 1.682, на починати е 169, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.687. По завршени епидемиолошки анкети, еден од позитивните случаи вчера регистриран во Кичево е од Скопје, еден е контролен. Согласно тоа последната дистрибуција по градови е следна:

• Скопје 1592, активни 960
• Куманово 597, активни 179
• Дебар 53, активни 2
• Штип 227, активни 187
• Прилеп 222, активни 27
• Тетово 317, активни 147
• Струга 111, активни 36
• Велес 149, активни 29
• Битола 30, активни 3
• Охрид 46, активни 29
• Кавадарци 6, активни 1
• Гостивар 54, активни 31
• Гевгелија 6, активни 2
• Струмица 7, активни 4
• Крива Паланка 7, активни 1
• Радовиш 4,
• Крушево 3,
• Кочани 53, активни 22
• Пробиштип 11, активни 9
• Демир Хисар 1,
• Македонски Брод 2,
• Пехчево 3,
• Берово 2, активни 1
• Валандово 3, активни 2
• Виница 3, активни 1
• Делчево 1,
• Кратово 3, активни 1
• Свети Николе 5, активни 4
• Кичево 3, активни 1
• Ресен 1, активни 1
• Неготино 16, активни 7 (*9 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 971 теста се преку: ИЈЗ –334 , ЦЈЗ Скопје-30, Авицена –136, Биотек -121, Клиникан „Жан Митрев“ –120, Систина со PCR метода –93 и МАНУ -137. Досега во земјата се направени вкупно 40.004 тестирања на Ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 11 нови, а вкупно хоспитализирани се 84 пациенти. На кислородна поддршка се 29 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 22 нови, а вкупно хоспитализирани 57 пациенти. На респираторна машина се 10, a со потешка клиничка слика се уште 11 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 20 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат двајца пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 24 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 36 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.

По општини активни случаи во Скопје заклучно со вчера

• Чаир-209
• Бутел-76
• Аеродром-75
• Гази Баба-75
• Центар-73
• Карпош-72
• Сарај-64
• Кисела Вода-43
• Ѓорче Петров-35
• Шуто Оризари-26
• Студеничани-24
• Арачиново-24
• Илинден-19
• Петровец-6
• Чучер Сандево-4
• Сопиште-2
• Странец-2.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП