26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНекогаш најпрометниот европски аеродром започна програма за доброволно отпуштање

Некогаш најпрометниот европски аеродром започна програма за доброволно отпуштање

Британскиот аеродром Heathrow, кој пред пандемијата од COVID-19 беше најпрометниот европски аеродром, објави дека започнале програма за доброволно отпуштање.

Бројот на патници на тој аеродром се спушти на најниско можно ниво.

Како што соопшти аеродромот, во мај бројот на патници паднал за 97 проценти, а поради мерките за карантин се очекува натамошен пад, пренесува Reuters.

Аеродромот, кој има околу 7.000 вработени, соопшти дека нивото на неговата вработеност не е повеќе одржливо и дека со синдикатите започнал разговори за доброволно отпуштање на работниците.

„Иако не можеме да исклучиме и понатамошни отпуштања, ќе продолжиме да ги истражуваме опциите за минимизирање на бројот на откази“, изјави извршниот директор на аеродромот, Џон Холанд Кеј.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП