5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФЕД продолжува со откуп на обврзници, каматните стапки на исто ниво до...

ФЕД продолжува со откуп на обврзници, каматните стапки на исто ниво до 2022 година

Американската централна банка (Федералните резерви- FED) ќе продолжи да купува обврзници за да ги задржи стапките на позајмување на ниско ниво и да ја поддржи американската економија, која е во рецесија поради пандемијата.

Банката, исто така не предвидува зголемување на референтната каматна стапка до 2022 година.

FED ја намали својата референтна краткорочна каматна стапка на близу нула. Ако се одржи толку ниско во наредните повеќе од две години тоа би можело да им олесни на потрошувачите и на фирмите да позајмуваат и трошат доволно за да ја одржат економијата погодена од затворањето на компаниите и високата стапка на невработеност.

Во изјавата дадена по денешната седница на своето главно раководно тело, централната банка изјави дека пандемијата од коронавирус предизвикала остар пад на економската активност и пораст на невработеноста.

FED проценува дека американската економија ќе падне 6,5 проценти оваа година, во согласност со другите прогнози, а потоа ќе порасне за пет проценти во 2021 година. Предвидува стапка на невработеност од 9,3 проценти до крајот на годината, што е близу до врвот во текот на последната рецесија. Тековната стапка на невработеност е 13,3 проценти.

На виртуелната конференцијата вечерва, претседателот на банката Џером Пауел се очекува да испрати порака дека на економијата и понатаму и е потребна вонредна помош, и покрај неодамнешните индикации за можно закрепнување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП