26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКовид надомест - нова ставка на сметките во Канада

Ковид надомест – нова ставка на сметките во Канада

Отворањето на малите бизниси во Канада пред две недели беше проследено со непријатно изненадување. Посетата на фризер, одењето во ресторан или на забар, вклучува нов трошок за граѓаните – ковид надомест додаден на сметките.

Таканаречениот ковид надомест е пресметан за да помогне да се покријат трошоците за опремата за лична заштита за вработените, ззасилените санитарни мерки или изгубените приходи како резултат на намалувањето на бројот на клиенти што бизнисот може да ги послужи со новите мерки.

Стоматолозите во канадската провинција Квебек наплаќаат надомест за дополнителни трошоци предизвикани од пандемијата на Ковид-19, а нивните колеги во другите провинции размислуваат дали да го следат истиот модел, пренесува „Глоуб енд мејл“.

Овој месец стоматолозите продолжија со редовни прегледи и започнаа да наплатуваат до 30 американски долари (20 евра) по посета само за опремата за лична заштита како што се респираторни маски и за другите мерки потребни за исполнување на новите здравствени стандарди во покраината.

Пол Алисон, експерт за јавно стоматолошко здравје, кој предава на универзитетот МекГил, рекол дека овие трошоци значително ќе влијаат на способноста на Канаѓаните да примаат стоматолошка нега за време на Ковид-19.

Од друга страна, стоматолозите ќе имаат помалку и помалку пациенти поради дополнителните мерки на претпазливост.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП