11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија призна дека поради коронавирусот и е потресена економијата

Русија призна дека поради коронавирусот и е потресена економијата

На Русија ќе и бидат потребни неколку квартали за да се опорави од пандемијата од коронавирус, изјави шефицата на руската централна банка, Елвира Набјулина.

„Коронавирусот не го замрзна нормалниот живот само на некое време . Сите разбираме дека последиците од епидемијата нема да исчезнат веднаш по укинувањето на ограничувањата. Вирусот всушност ги наруши сите планирани патеки за развој на економијата и финансискиот систем“, изјави Елвира Набјулина во парламентот.

Додаде, дека сепак во иднина гледа пооптимистично отколку порано.

„Регионите ги олеснуваат ограничувањата, индустриските компании, трговијата, а на некои места услужниот сектор почнува да работи, но според наша проценка, пред нас остануваат уште неколку квартали на закрепнување“, изјави Набјулина.

Шефот на централната банка на Руската Федерација истакна дека во моментов финансискиот систем на Руската Федерација е способен за поддршка на економскиот раст.

Претходно, Набјулина оцени дека сценариото за економско закрепнување на Руската Федерација во форма на буквата V е нереално и дека не треба да се очекува брз раст.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП