27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗадолжително носење маски за спречување на втор бран од COVID-19

Задолжително носење маски за спречување на втор бран од COVID-19

Новиот бран на COVID-19 според многу експерти е многу можен, а носењето маски би можело да биде едно од решенијата за неговото идно ширење, посочуваат неодамнешните студии.

Истражувањето спроведено од научници од Универзитетот во Кембриџ и Гринич, наведува дека карантинот сам нема да биде доволен за да се сузбие новиот бран од пандемијата, но дека маските во голема мера ќе помогнат во тоа многу, пренесува Reuters.

„Нашите анализи покажуваат дека јавноста мора да носи маски“, изјави Ричард Стат, кој го водеше истражувањето во Кембриџ.

Стат објасни дека маските во комбинација со физичко растојание и карантин би биле прифатлив начин на контролирање на пандемијата додека не се развие ефикасна вакцина против вирусот.

Наодите од студијата се наведени во научното списание “Proceedings of the Royal Society A”.

На почетокот на пандемијата, немаше научен консензус за ефективноста на носење маски, со оглед дека дел од некои научници ја оспорија нивната важност за забавување на пренесувањето на респираторните болести.

Меѓутоа, новата студија покажува дека носењето маски во јавноста значително го ограничува ширењето на инфекцијата.

Над 7 милиони луѓе ширум светот се заразени со коронавирус, од кои досега 414.155 го загубија животот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП