2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТурција произведе лек против коронавирус

Турција произведе лек против коронавирус

Турските научници успешно го произведоа лекот Favipiravir, кој се користи за лечење од COVID-19, истакна турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган.

На 1 јуни, Турција ја објави првата фаза на олеснување на рестриктивните мерки, со оглед дека земјата напредува во борбата против пандемијата од коронавирусот, објави турската радио телевизија.

Во Турција досега се потврдени 172.111 случаи на инфекција со коронавирус, додека бројот на закрепнати надмина 144.598. Од последиците од коронавирус досега починале 4.728 луѓе, покажуваат податоците на Министерството за здравство.

Ердоган најави дека како дел од олеснување на мерките, кината, театрите и центрите ќе бидат отворени од 1 јули низ целата земја.

Тој додаде дека се продолжува работното време на објектите, како рестораните и кафулињата.

Исто така, на граѓаните на возраст над 65 и повеќе ќе им биде дозволено да излегуваат секој ден помеѓу 10 и 20 часот, а ограничувањето за движење на помлади од 18 години е целосно укинато, под услов тие да бидат придружени од нивните родители.

Од 15 јуни, со работа ќе започнат и салите за венчање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП