17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈапонија усвои вонреден буџет од скоро 300 милијарди долари

Јапонија усвои вонреден буџет од скоро 300 милијарди долари

Долниот дом на јапонскиот парламент усвои вонреден буџет од 297 милијарди долари, со што ги удвои средствата за поддршка на економијата поради рецесијата предизвикана од пандемијата од коронавирус.

Потрошувачката драматично опадна и покрај релативно малиот број заразени и умрени во оваа земја. Јапонија се најде во прва рецесија од 2015 година.

Пратениците го усвоија буџетот, кој предвидува, меѓу другото, субвенции за помалите компании и исплата на готовина на медицинските работници.

Предлог законот за буџетот ќе биде испратен на разгледување до горниот дом на собранието, а неговото усвојување се очекува во петок, 12 јуни.

Парите ќе се соберат со издавање хартии од вредност, а ќе се користат и за програми за спасување на компании и давање заеми.

Претходниот вонреден буџет во скоро ист износ е усвоен на 30 април.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП