29 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија: Рампа за граѓани кои не се од ЕУ до 31 август?

Германија: Рампа за граѓани кои не се од ЕУ до 31 август?

Германија планира да ја продолжи забраната за пристигнување на граѓани од земји кои не се членки на Европската унија до 31 август, изјавија неименувани извори од германската влада.

Како што беше кажано од Reuters, кабинетот се очекува да ја донесе таа одлука денес.

Германија е подготвена да ја укине забраната за патувања за земјите членки на Европската унија и Велика Британија, Исланд, Норвешка, Лихтенштајн и Швајцарија од 15 јуни, освен ако не постои забрана за влез во тие земји и обемни рестриктивни мерки.

Минатата недела, германскиот министер за надворешни работи, Хеико Мас ги повика Германците да не патуваат во Британија сè додека таму е на сила 14-дневен карантин за туристите.

Тие додадоа дека Берлин ги советува своите државјани да не одат на крстарења поради посебни ризици од коронавирус.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП