29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕК со пакет од 750 милијарди евра сака да им помогне на...

ЕК со пакет од 750 милијарди евра сака да им помогне на земјите најпогодени од пандемијата

Министрите за финансии на Европската унија (ЕУ) разговарале за блок-план во вредност од 750 милијарди евра за закрепнување по пандемијата од коронавирусот, во пресрет на преговорите за деталите за прибирање финансиски средства и законитоста на нивното кредитирање.

Со овој план, Европската комисија (ЕК) сака да им помогне на економски послабите земји погодени од пандемијата да закрепнат со темпо коешто е на ниво на посилните земји, со цел да се зачува единствениот пазар на ЕУ од 450 милиони луѓе.

Стимулациониот план има поддршка од Франција и Германија и се планира да се спроведе во наредните четири години. Предвидено е Комисијата да се задолжи на пазарот и покрај прописите за заштита на буџетот на Унијата и потоа да ги распредели тие пари на земјите на кои им е потребен, наместо да им ги позајми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП