2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПосле три месеци Ајфеловата кула се отвора на 25 јуни

После три месеци Ајфеловата кула се отвора на 25 јуни

Ајфеловата кула во Париз ќе биде отворена за посетителите на 25 јуни, по најдолгото затворање во својата историја од Втората светска војна.

Познатата кула беше затворена повеќе од три месеци поради епидемијата од коронавирус, објави управата на кулата, пренесува Reuters.

При посета на кулата, задолжително е носење маски за сите посетители постари од 11 години.

Француската влада од средината на мај започна да ги олеснува мерките воведени поради епидемијата, па така на 6 јуни беше отворен Версај, додека за посетители музејот Лувр ќе биде отворен на 6 јули.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП