19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Словенија без карантин можат да влезат од 17 држави

Во Словенија без карантин можат да влезат од 17 држави

Владата на Словенија ги олесни мерките за ограничен влез во земјата, кои поради пандемијата од коронавирус беа воведени на почетокот на март, објави порталот Schengen Visa Info.

Без карантин во Словенија можат да влезат граѓаните на Австрија, Бугарија, Кипар, Чешка, Естонија, Финска, Германија, Грција, Унгарија, Исланд, Летонија, Литванија, Лихтенштајн, Норвешка, Словачка, Швајцарија и словенечки државјани, се вели во соопштението.

Граѓаните на Австрија, Унгарија и Словенија нема да мора да ја поминат граничната контрола.

Тоа важи и за словенечките државјани кои доаѓаат од ЕУ и Шенген зоната, како и за Италијанците и Словенците кои поседуваат или закупуваат земја во пограничната зона или во обете држави.

Сите други, по влегувањето во Словенија ќе мора да поминат низ двонеделен карантин.

Карантинот не се однесува и на луѓето кои вршат важни сервисни услуги, ја преминуваат границата поради итни случаи, а се враќаат во рок од 24 часа.

Ослободувањето од карантин за лица со потврдена резервација за ноќевање веќе не важи.

И покрај прописите, одредена земја може да се отстрани од зелениот список ако во неа се влоши епидемиолошката состојба.

Мерките започнаа да се спроведуваат на 8 јуни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП