26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранција најави 15 милијарди евра помош за воздухопловната индустрија

Франција најави 15 милијарди евра помош за воздухопловната индустрија

Француската влада најави 15 милијарди евра помош за воздухопловната индустрија, вклучително и производителот на авиони Airbus и националната авиокомпанија Air France.

Mинистерот за финансии, Бруно ле Мер, денес претстави план за помош на оваа индустрија, која е финансиски погодена со забраната за патувања поради пандемијата од коронавирус.

„Ќе направиме сè за да ја поддржиме оваа француска индустрија, која е важна за нашиот суверенитет, нашите работни места и економијата“, изјави Ле Мер.

Во таа индустрија во Франција се вработени стотици илјади луѓе, чии приходи се доведени во прашање со мерките за спречување на ширењето на вирусот. Парите се вклучуваат како директни владини инвестиции, субвенции, заеми и гаранции за кредит.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП