26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмериканската економија официјално во рецесија

Американската економија официјално во рецесија

Американската економија е во рецесија, објави Националното биро за економски истражувања (NBER), кое го означи крајот на најдолгата економска експанзија во историјата на САД, објави денес Гласот на Америка (VOA).

Според финансиската веб-страница Market Watch, NBER е приватна истражувачка група предводена од главните економисти во земјата, а долго време се смета за официјален арбитер за проценка кога започнуваат и завршуваат одредени деловни циклуси.

Одборот на NBER објави дека рецесијата започнала во февруари. Според широката дефиниција на ова биро, рецесијата е “пад на економската активност која трае неколку месеци”.

„При одлучувањето дали да се прогласи рецесија, одборот го проценува степенот и времетраењето на намалување на економската активност, како и тоа дали падот се појавува во различни сектори. Одборот препознава дека пандемијата и одговорот од областа на јавното здравство резултирале со пад кој има различна карактеристика“, велат од NBER.

Организацијата наведува дека бруто домашниот производ во Америка паднал на годишна стапка од 4,8 проценти во првите три месеци од годината, а невработеноста скокнала од 3,5 проценти во февруари на 14,7 проценти во април, за во мај да падне на 13,3 проценти.

Некои економисти предвидуваат дека сегашната рецесија ќе биде кратка, со што би се зголемило економското производство, а работни места да почнат повторно да се отвораат.

Меѓутоа, оптимизмот е намален од можното враќање на коронавирусот. Ако тоа се случи, како што велат, ќе бидат потребни повеќе од две години американската економија да се врати на нивоата пред COVID-19.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП