Граѓаните од 18 земји ќе можат да патуваат во Малта од 1 јули, откако се олеснија рестриктивните мерки за влез во земјата, донесени поради пандемијата од коронавирус, пренесува порталот SchengenVisaInfo.com.
Граѓани на Италија кои живеат во Сицилија и Сардинија, како и граѓаните на Германија, Австрија, Швајцарија, Исланд, Словачка, Норвешка, Данска, Унгарија, Финска, Ирска, Израел, Литванија, Латвија, Естонија, Луксембург и Чешка ќе можат да патуваат во Малта од следниот месец.
Министерството за туризам и заштита на потрошувачите на Малта, објави дека списокот ќе биде проширен, кога ќе се добие одобрение од Министерството за здравство.
Се додава дека истиот ден ќе биде отворен малтешкиот аеродром, како и дека ќе започнат комерцијални летови кон тие земји.
Официјалната јавност ја поздравува одлуката, сметајќи дека Малта оваа година се уште ќе може да смета на летната туристичка сезона, затоа што многу луѓе кои живеат од туризам во таа земја страдале поради ограниченото движење на глобално ниво.
Малта е многу популарна туристичка дестинација меѓу граѓаните на Европската унија, како и меѓу луѓето од други земји.