6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААвионски билет во Австрија не смее да чини помалку од 40 евра

Авионски билет во Австрија не смее да чини помалку од 40 евра

„Правиме пионерски чекори во Европа“, изјави австриската министерка, Леоноре Гиеслер, најавувајќи воспоставување минимална цена на авионски билети во домашната авијациска индустрија. Билетот нема да чини помалку од 40 евра.

Како што објаснила Гиеслер на прес конференција во понеделникот, според странските новински агенции, во иднина авиокомпаниите веќе нема да имаат дозвола да нудат авионски билети по цени под реалните трошоци. Се вели дека премногу ниските цени негативно влијаат на природната средина и платите на вработените во тој сектор.

Покрај тоа, авионските патници сега ќе мора да платат данок од 30 евра на летовите под 350 километри. Но, летовите кои траат до три часа ќе бидат забранети ако постои побрза железничка врска.

Austrian Airlines вчера се согласи за 600 милиони евра помош за закрепнување од кризата. Државата ќе обезбеди 450 милиони евра, а остатокот матичната компанија Lufthansa.

Државата не бараше сопственички удел во замена за помош.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП