6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСончево со мала до умерена облачност, попладне на повеќе места нестабилно со...

Сончево со мала до умерена облачност, попладне на повеќе места нестабилно со пороен дожд

Времето претпладне во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, а локално и во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и појава на град.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 17, а дневната од 22 до 30 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје претпладне сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе достигне до 27 степени.

Во наредните денови ќе се задржи нестабилно време со повремени врнежи од дожд. Утре и во среда на повеќе места врнежите ќе имаат пороен карактер во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП