3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИталијанската економија оваа година ќе потоне 8,3 проценти

Италијанската економија оваа година ќе потоне 8,3 проценти

Се очекува италијанската економија оваа година да падне за 8,3 проценти и само делумно ќе закрепне во 2021 година, објави италијанската агенција за статистика Istat.

Istat прогнозира пад на БДП од 8,3 проценти во 2020 година, по што очекува 4,6 проценти закрепнување за годинава.

Агенцијата соопшти дека вработеноста во досегашниот дел од годинава паднала за 9,3 проценти и очекува закрепнување од 4,1 проценти во 2021 година.

Централната банка на Италија во петокот претстави проценка во која предвидува намалување на БДП за 9,2 проценти во 2020 година и закрепнување следната година под основното сценарио од 4,8 проценти.

Во потешкото сценарио, италијанската економија во 2020 година ќе се намали за 13,1 процент, a во 2021 година ќе порасне за 3,5 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП